Денес го одбележуваме 22 март, Меѓународниот ден на водата

Климатските промени но и загадувањето и притисокот врз изворите на вода предизвикано од човекот, во иднина ќе предизвикаат сериозен проблем и дефицит на чиста вода за пиење.

Нашиот главен град Скопје се снабдува со вода за пиење од карстен извор (Рашче) a и други поголеми градови во државата се водоснабдуваат од карстни извори.

Во групата на карстни извори е и Слатински Извор. Тој претставува влез за истоимената пештера која е најдолга пештера во Македонија,

Пештерата Слатински Извор е прогласена за Споменик на природа и се наоѓа на Привремената листа за заштита на УНЕСКО.

#WorldWaterDay#iyck2021#karst#caves#ursusspeleoes#slatinskiizvor#univerzitetgocedelchev#biljanagichevski#igoraleksov

‘Goce Delcev’ University – Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип)

Пештерското ракче – Alpioniscus slatinensis

Пештерското ракче, Alpioniscus slatinensis, е опишано од пештерите во Слатина. Тоа претставува локален ендемски вид за фауната на Македонија и единствено може да се најде во пештерите во Поречкиот Басен.

Во текот на својата долготрајна еволуција, прилагодувајќи се на живот во пештерите во потполн мрак и многу висока и постојана влажност на воздухот, овој вид потполно ги изгубил очите и пигментот.

Како резултат на тоа развил други сетила со чија помош можел да опстане во специфичните пештерски услови, но не и надвор од пештерите. Затоа претставува типичен троглобионт.

Пештерското ракче, како и сите останати прави пештерски животни (троглобионти) многу се осетливи и на најмали промени во нивната животна средина, но и на промените надвор од пештерите (во прв ред климатските промени).

Затоа и најмала промена може негативно да се одрази на нивната популација и на нивниот опстанок.

Поради тоа пештерските животни, а со самото тоа и пештерското ракче (Alpioniscus slatinensis) се сметаат за загрозени животни и се нагласува потребата од нивна заштита.

#slatinskiizvor#naturemk#natureprotection#biodiversity#alpioniscusslatinensis#exploringmacedonia