Учество на работилница „Развој на регулатива за управување со почвите“

Во текот на денешниот ден, 03.10.2022 година, нашиот член Biljana Gichevski, како претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ учествуваше на првата работилница организирана од Министерство за животна средина и просторно планирање, во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP) “Развој на регулатива за управување со почвите”

Работилницата која се одржа во хотел Мериот во Скопје, е дел од проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF).

На работилницата учествуваа претставници од државни институции и невладини организации од полето на заштитата на животната средина.

На работилницата беше презентиран Планот за вклучување на чинителите во изработката на Законот за заштита на почвите. Планот ќе даде основа за транспарентно и јавно вклучување на сите заинтересирани страни во изработката на законот. Настанот даде можност да се разменат мислења и за предизвиците во управувањето со почвите и притисоците што негативно влијаат врз квалитетот на почвите.

Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PHUN Environment ProgrammeUN_MK

Работилница за заштита на пештери и лилјаци – моменти од Ехо Фестивал 2022

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ континуирано во текот на изминатите години дава поддршка во реализација на Ехо фестивалот на планински филм, преку реализација на презентации, подготовка на видео материјали, наградни фондови, теренски посети на пештери како и промоција на Ехо фестивалот на различни локации во нашата држава.

Оваа година, бевме присутни на фестивалот преку нашите едукатори за заштита на пештери и лилјаци, кои преку игра, цртање, едукација и забава, на младите ентузијасти (15 учесници) им го пренесоа значењето на заштитата на пештерите и лилјаците (овој пат со фокус на Националниот парк Галичица) а воедно, нашите искусни спелеолози, ги запознаа младите учесници со спелеолошката опрема, зошто се користи и како се користи.

Голема благодарност до Ехо Филмски фестивал и се гледаме наредна година!

Фотографии: Ехо фестивал на планински филм

Приклучување кон Коалицијата за клима

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ се приклучи кон Коалицијата за клима, составена од над 50тина организации од Македонија кои работат на полето на носење одлуки, креирање политики, реализација на активности како и градење на свест за адаптација кон климатските промени.

“We are the first generation to feel the effect of climate change and the last generation who can do something about it.”

Учество на дебата и презентација „Патоказот за заштита на природата“ организирано од страна на Еко Свест

Учество на дебата и презентација „Патоказот за заштита на природата“ организирано од страна на Еко Свест

Во текот на денешниот ден, 27.09.2022 година во Холидеј Ин, се одржа презентација и дебата насловена „Патоказот за заштита на природата“ организирана од страна на Eko-svest, за Патоказот во кој се утврдени приоритетните области и активности за зачувување на биолошката и пределската разновидност. На настанот учествуваше нашиот член Berker Samet.

Патоказот е изработен во рамки на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето II, кој Еко-свест го спроведува во соработка со WWF Adria, a финансиски е поддржан од Владата на Шведска.

Започна реализацијата на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“

Од 01.09.2022, Црвен крст Охрид, во партнерство со Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, започна да го спроведува проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ којшто е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT).

Овој проект ќе се реализира со цел зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на локалното население за адаптација кон климатски промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. За да се оствари оваа цел, во текот на следните три години, колку што ќе трае проектот, ќе се преземат низа научни, едукативни и активности за јакнење на капацитети за заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица.

Во насока на организирање, координирање и на навремено спроведување на предвидените проектни активности, во текот на изминатава недела, во просториите на Црвен крст Охрид се одржаа средби со претставници на проектниот партнер „Урсус спелеос“, на Јавната установа Национален парк Галичица и на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Спроведувањето на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ претставува продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу овие организации.

Црвен крст ОхридNational Park Galicica

#климатскипромени #climatechange #пештерскиекосистеми #caveecosystems #биодиверзитет #biodiversity #црвенкрст #урсусспелеос #националенпаркгаличица

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT).

Работилница за пештери и лилјаци на Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022

Ви ги пренесуваме првите впечатоци од денешната работилница за деца за време на ЕХО Фестивал на планински филм за пештери и лилјаци особено за пештерите и лилјаците во National Park Galicica!

Игравме, , цртавме учевме, се забавувавме и станавме спелеолози!

Голема благодарност до целиот тим на ЕХО Фестивал на планински филм како и нашите едукатори, студенти биолози и географи кои со голем ентузијазам се вклучија во едукацијата на децата!

Наскоро повеќе фотографии!

Гостување на СИТЕЛ ТВ

Нашиот член Aleksandar Stojanoski гостуваше на Сител ТВ во утринската емисија Ја сакам Македонија каде што ги претстави следните активности на друштвото:

  • Најава за работилница за деца за заштита на пештери и лилјаци на ЕХО Фестивал на планински филм – ве очекуваме сите во МКЦ на 22.09.2022 година од 17 часот!
  • Резултати од проектот за Воспоставување на ефикасен механизам за превенција од пожари во СП Слатински Извор поддржан од Eko-svestWWF Adria и СИДА
  • Најава за започнување на нов 3 годишен проект во партнерство со Црвен крст Охрид за заштита на пештери и лилјаци во Национален парк Галичица и адаптација кон негативните ефекти на климатските промени а поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Видеото линк: https://fb.watch/gIC5rAIHEM/

Голема благодарност до Marjan Nikov и Сител ТВ за можноста за промоција и заштита на пештерите во Македонија!

Повторно нови изненадувања, сега за најмладите!

Заедно со нашите пријатели од ЕХО Фестивал на планински филм / Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022 решивме оваа година да ја прикажеме спелеологијата и пештерите на присутните од најразлични возрасти и да ги запознаеме со подземните убавини на Македонија.

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и неговите членови и едукатори ќе бидат присутни на фестивалот преку:

  • Информативен штанд со опрема: на информативниот штанд, сите присутни ќе имаат можност да се запознаат со комплетната спелеолошка опрема (индивидуална и колективна) за истражување на пештери, како и за безбедна посета на пештери;
  • Работилница за заштита на пештери и лилјаци наменета за возраст на деца од градинка и основно училиште – едукативна работилница за запознавање со карстот, пештерите во Македонија, пештерите во Националниот парк Галичица, лилјаците но и нивна заштита, вклучително играње на интерактивни „board игри“ наменети за деца на возраст од градинка и основно училиште.

Повеќе инфо за работилницата за деца:

  • Термин на одржување: 22ри септември (четврток), 17 часот, МКЦ
  • Возраст: 6+ годишна возраст
  • Пријавување на: contact@ehofilmfest.mk

Работилницата е со ограничен број на учесници.

Прв пријавен – прв примен.

Игрите и едукативните материјали (модули, ресурси) се подготвени во рамки на проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program во партнерство со Црвен крст Охрид, National Park Galicica и Eco – Logic!

Уште еден успешно завршен проект!

Заклучно со завршувањето на месец Август 2022, тимот на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и Споменикот на природата „Слатински Извор“ успешно го реализираше проектот „Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата Слатински Извор“, поддржан од Еко Свест, WWF Adria и СИДА, Шведската агенција за развој и соработка!

Во времетраење од 6 месеци, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и Споменикот на природата „Слатински Извор“ успешно ги реализираа планираните активности, а дел од клучните показатели се следните:

  • 21 лице, претставници на државни институции, образовни институции, невладини организации и локално население, обучени за логистичка поддршка и гаснење на шумски пожари во Македонски Брод
  • Набавени 10 противпожарни метли и 10 противпожарни лопати за гаснење на шумски пожари за потребите на Територијалната противпожарна единица во Македонски Брод
  • Над 16 државни институции, образовни институции, невладини организации и приватни фирми вклучени во процесот на вмрежување и градење на капацитетитe во Македонски Брод
  • 35 621 лице, опфатени преку едукативна онлајн кампања за превенција и заштита од шумски пожари (facebook, instagram, twitter) во период од Јули до Август 2022 година
  • Подготвен 1 акциски план за едукација и превенција од шумски пожари на територија на Споменик на природата „Слатински Извор“

Продолжуваме и понатаму во активностите за заштита на животната средина и адаптација кон климатските промени!

Повеќе за проектот можете да прочитате на нашата веб страна www.ursusspeleos.org.mk!

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА

Eko-svestWWF Adria

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција

Финална работилница и теренска посета на Споменик на природата Слатински Извор

На ден 27.08.2022 година (сабота), во организација на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а во рамките на проектот „Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата Слатински Извор“ поддржан од Еко Свест, WWF Adria и SIDA, се реализираше финална работилница за презентирање на акцискиот план за едукација и превенција од шумски пожари како и теренска посета на Споменикот на природата Слатински Извор.

За време на првиот дел од работилницата, во просториите на Општина Македонски Брод, се реализираа 2 презентации, поточно, презентација за реализираните активности и постигнати резултати во проектот – реализирана од страна на проектниот координатор Александар Стојаноски и презентација за подготвениот акциски план за превенција од шумски пожари – реализирана од страна на Валентина Атанасовска, експерт за цивилна заштита.

По завршување на презентациите, учесниците се упатија на организирана теренска посета на Споменикот на природата Слатински Извор, каде што се запознаа со заштитеното подрачје, местата кои во текот на минатото беа опфатени со шумски пожари, активностите за превенција и ревитализација на опожарените подрачја.

Дополнително, во рамки на теренската посета се посетија римската соленица во селото Слатина, Слатинскиот слап а исто така се посети и почетниот дел на пештерата Горна Слатинска во која можевме да ги забележиме позитивните резултати од нејзината заштита но и заштитата на животната средина – зголемување на колонијата на лилјаци (меѓу кои се и загрозените лилјаци Голем и Мал потковичар).

Пред доделување на сертификатите за учество и благодарници за поддршка, од страна на Рате Савев од Еколошкото Друштво Треска, се реализираше поетско читање на поезија од неговата книга „Подземна тишина“ во која може да се прочитаат творби за пештерите Пешна, Пурало, Горна Слатинска итн.

На работилницата и теренската посета учествуваа 19 учесници од:

  • Еколошко Друштво Треска
  • ИД Урсус спелеос
  • Дирекција за заштита и спасување – подрачно одделение за заштита и спасување Македонски Брод
  • ЈП Национални шуми подружница Сандански – Македонски Брод
  • Национален парк Галичица
  • Еко Свест
  • ООУ Св.Климент Охридски Македонски Брод
  • СОУ Св.Наум Охридски Македонски Брод
  • ОВР Македонски Брод
  • Министерство за правда – Подрачно одделение за бесплатна правна помош – Македонски Брод
  • ТППЕ Македонски Брод
  • Приватен сектор и локално население

Голема благодарност до сите учесници како и до претставниците на Националниот парк Галичица и Еко Свест кои споделија искуства во делот на еколошката едукација.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=UrsusSpeleos&set=a.10166690546605074

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА

#ursusspeleos #slatinskiizvor #wwfadria #ekosvest #nature #урсусспелеос #слатинскиизвор #пожари #превенција