Одбележување на Недела на лилјакот, 24 до 31.10.2022

По повод одбележувањето на Неделата на лилјакот, која се одбележува во период од 24 до 31.10.2022 година, спелеолозите од Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ заедно со студентите биолози од Истражувачко друштво на студенти биолози на 30.10.2022 година реализираа теренска активност посета на Блажева пештера каде што беше направен мониторинг на лилјаци со bat detector.

Повеќе фотографии на: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166901757380074

Повеќе за неделата како и за материјали поврзани со лилјаците, можете да најдете на – https://batweek.org/take-action/

#BatWeek#урсусспелеос#идсб

Зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Србија

Во текот на денешниот ден беше одржан неформален состанок и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Истражувачкото друштво Урсус Спелеос и Планинарско спелеолошки клуб ДВИГ од Владичин Хан, Србија и воедно се дискутираше на зајакнување на соработката на полето на научните истражувања, спелеологијата, меѓуграничната соработка, активности од областа на животната средина, размена на искуства, обуки, проектно работење итн.

Активно работиме на регионален пристап во активностите за унапредување на животната средина!

Учество на работилница „Развој на регулатива за управување со почвите“

Во текот на денешниот ден, 03.10.2022 година, нашиот член Biljana Gichevski, како претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ учествуваше на првата работилница организирана од Министерство за животна средина и просторно планирање, во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP) “Развој на регулатива за управување со почвите”

Работилницата која се одржа во хотел Мериот во Скопје, е дел од проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF).

На работилницата учествуваа претставници од државни институции и невладини организации од полето на заштитата на животната средина.

На работилницата беше презентиран Планот за вклучување на чинителите во изработката на Законот за заштита на почвите. Планот ќе даде основа за транспарентно и јавно вклучување на сите заинтересирани страни во изработката на законот. Настанот даде можност да се разменат мислења и за предизвиците во управувањето со почвите и притисоците што негативно влијаат врз квалитетот на почвите.

Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PHUN Environment ProgrammeUN_MK

Работилница за заштита на пештери и лилјаци – моменти од Ехо Фестивал 2022

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ континуирано во текот на изминатите години дава поддршка во реализација на Ехо фестивалот на планински филм, преку реализација на презентации, подготовка на видео материјали, наградни фондови, теренски посети на пештери како и промоција на Ехо фестивалот на различни локации во нашата држава.

Оваа година, бевме присутни на фестивалот преку нашите едукатори за заштита на пештери и лилјаци, кои преку игра, цртање, едукација и забава, на младите ентузијасти (15 учесници) им го пренесоа значењето на заштитата на пештерите и лилјаците (овој пат со фокус на Националниот парк Галичица) а воедно, нашите искусни спелеолози, ги запознаа младите учесници со спелеолошката опрема, зошто се користи и како се користи.

Голема благодарност до Ехо Филмски фестивал и се гледаме наредна година!

Фотографии: Ехо фестивал на планински филм

Приклучување кон Коалицијата за клима

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ се приклучи кон Коалицијата за клима, составена од над 50тина организации од Македонија кои работат на полето на носење одлуки, креирање политики, реализација на активности како и градење на свест за адаптација кон климатските промени.

“We are the first generation to feel the effect of climate change and the last generation who can do something about it.”

Работилница за пештери и лилјаци на Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022

Ви ги пренесуваме првите впечатоци од денешната работилница за деца за време на ЕХО Фестивал на планински филм за пештери и лилјаци особено за пештерите и лилјаците во National Park Galicica!

Игравме, , цртавме учевме, се забавувавме и станавме спелеолози!

Голема благодарност до целиот тим на ЕХО Фестивал на планински филм како и нашите едукатори, студенти биолози и географи кои со голем ентузијазам се вклучија во едукацијата на децата!

Наскоро повеќе фотографии!

Гостување на СИТЕЛ ТВ

Нашиот член Aleksandar Stojanoski гостуваше на Сител ТВ во утринската емисија Ја сакам Македонија каде што ги претстави следните активности на друштвото:

  • Најава за работилница за деца за заштита на пештери и лилјаци на ЕХО Фестивал на планински филм – ве очекуваме сите во МКЦ на 22.09.2022 година од 17 часот!
  • Резултати од проектот за Воспоставување на ефикасен механизам за превенција од пожари во СП Слатински Извор поддржан од Eko-svestWWF Adria и СИДА
  • Најава за започнување на нов 3 годишен проект во партнерство со Црвен крст Охрид за заштита на пештери и лилјаци во Национален парк Галичица и адаптација кон негативните ефекти на климатските промени а поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Видеото линк: https://fb.watch/gIC5rAIHEM/

Голема благодарност до Marjan Nikov и Сител ТВ за можноста за промоција и заштита на пештерите во Македонија!

Повторно нови изненадувања, сега за најмладите!

Заедно со нашите пријатели од ЕХО Фестивал на планински филм / Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022 решивме оваа година да ја прикажеме спелеологијата и пештерите на присутните од најразлични возрасти и да ги запознаеме со подземните убавини на Македонија.

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и неговите членови и едукатори ќе бидат присутни на фестивалот преку:

  • Информативен штанд со опрема: на информативниот штанд, сите присутни ќе имаат можност да се запознаат со комплетната спелеолошка опрема (индивидуална и колективна) за истражување на пештери, како и за безбедна посета на пештери;
  • Работилница за заштита на пештери и лилјаци наменета за возраст на деца од градинка и основно училиште – едукативна работилница за запознавање со карстот, пештерите во Македонија, пештерите во Националниот парк Галичица, лилјаците но и нивна заштита, вклучително играње на интерактивни „board игри“ наменети за деца на возраст од градинка и основно училиште.

Повеќе инфо за работилницата за деца:

  • Термин на одржување: 22ри септември (четврток), 17 часот, МКЦ
  • Возраст: 6+ годишна возраст
  • Пријавување на: contact@ehofilmfest.mk

Работилницата е со ограничен број на учесници.

Прв пријавен – прв примен.

Игрите и едукативните материјали (модули, ресурси) се подготвени во рамки на проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program во партнерство со Црвен крст Охрид, National Park Galicica и Eco – Logic!

Гостување на Сител ТВ

Во текот на минатата недела повторно гостувавме кај нашиот пријател и поддржувач Marjan Nikov од Sitel Tv и ги промовиравме проекните активности на ИД Урсус спелеос, Споменикот на природата Слатински Извор како и активностите кои ги имаме заедно со нашите проектни партнери!

Членот на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ Aleksandar Stojanoski го промовираше проектот „Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата Слатински Извор“ поддржан од Eko-svest и WWF Adria

Како втор гостин, Dimitar Tanurovski, проектен координатор во рамки на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program ги презентираше постигнатите резултати во рамките на проектот како и планираните понатамошни активности заедно со Црвен крст Охрид, Eco – Logic и National Park Galicica

Денес се одбележува 22 Април – Светскиот ден на планетата Земја

Како мало одбележување на овој ден, би сакале со Вас да споделиме неколку фотографии од Споменик на природата „Слатински Извор“, кој е на Привремената листа на заштита на УНЕСКО, се наоѓа во близина на с.Слатина, Општина Македонски Брод, освен по тоа што пештерата Слатински Извор е најдолгата пештера во Македонија (3942м) има и многу други природни убавини кои вреди да се заштитат!

Да инвестираме во нашата планета и во нашата природата, да дејствуваме храбро, иновативно и да реализираме активности кои ќе имаат позитивно влијание врз нашата околија. Ваквиот начин на дејствување ќе овозможи сите да бидат вклучени, како во планирањето и преземањето акции, така и во одговорноста.

Бизнисите, владите и граѓаните – секој одговара и секој е одговорен за зачувувањето на планетата, сопственото и здравјето на идните генерации.

Повеќе за Споменик на природата „Слатински Извор“ можете да дознаете тука https://ursusspeleos.org.mk/spomenik-na-priroda…/

Да ја зачуваме планетата Земја, немаме втор дом!

#earthday#денназемјата#ursusspeleos#slatinskiizvor#урсусспелеос#слатинскиизвор