Финална работилница и теренска посета на Споменик на природата Слатински Извор

На ден 27.08.2022 година (сабота), во организација на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а во рамките на проектот „Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата Слатински Извор“ поддржан од Еко Свест, WWF Adria и SIDA, се реализираше финална работилница за презентирање на акцискиот план за едукација и превенција од шумски пожари како и теренска посета на Споменикот на природата Слатински Извор.

За време на првиот дел од работилницата, во просториите на Општина Македонски Брод, се реализираа 2 презентации, поточно, презентација за реализираните активности и постигнати резултати во проектот – реализирана од страна на проектниот координатор Александар Стојаноски и презентација за подготвениот акциски план за превенција од шумски пожари – реализирана од страна на Валентина Атанасовска, експерт за цивилна заштита.

По завршување на презентациите, учесниците се упатија на организирана теренска посета на Споменикот на природата Слатински Извор, каде што се запознаа со заштитеното подрачје, местата кои во текот на минатото беа опфатени со шумски пожари, активностите за превенција и ревитализација на опожарените подрачја.

Дополнително, во рамки на теренската посета се посетија римската соленица во селото Слатина, Слатинскиот слап а исто така се посети и почетниот дел на пештерата Горна Слатинска во која можевме да ги забележиме позитивните резултати од нејзината заштита но и заштитата на животната средина – зголемување на колонијата на лилјаци (меѓу кои се и загрозените лилјаци Голем и Мал потковичар).

Пред доделување на сертификатите за учество и благодарници за поддршка, од страна на Рате Савев од Еколошкото Друштво Треска, се реализираше поетско читање на поезија од неговата книга „Подземна тишина“ во која може да се прочитаат творби за пештерите Пешна, Пурало, Горна Слатинска итн.

На работилницата и теренската посета учествуваа 19 учесници од:

  • Еколошко Друштво Треска
  • ИД Урсус спелеос
  • Дирекција за заштита и спасување – подрачно одделение за заштита и спасување Македонски Брод
  • ЈП Национални шуми подружница Сандански – Македонски Брод
  • Национален парк Галичица
  • Еко Свест
  • ООУ Св.Климент Охридски Македонски Брод
  • СОУ Св.Наум Охридски Македонски Брод
  • ОВР Македонски Брод
  • Министерство за правда – Подрачно одделение за бесплатна правна помош – Македонски Брод
  • ТППЕ Македонски Брод
  • Приватен сектор и локално население

Голема благодарност до сите учесници како и до претставниците на Националниот парк Галичица и Еко Свест кои споделија искуства во делот на еколошката едукација.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=UrsusSpeleos&set=a.10166690546605074

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА

#ursusspeleos #slatinskiizvor #wwfadria #ekosvest #nature #урсусспелеос #слатинскиизвор #пожари #превенција