Реализирана студиска посета на Словенија!

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, во периодот од 7 до 11 октомври 2022, беше реализирана тематска студиска посета во Словенија, и тоа на следните организации/институции: Регионален парк Шкоцјанске јаме – подрачје под заштита на УНЕСКО; Спелеолошката спасителна служба на Словенија – спасителен центар во Крањ, Црвен крст Копер, како и помали заштитени подрачја помеѓу Трст (Италија) и Копер и Сежана (Словенија).

Во студиската посета учествуваа 8 претставници на Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Јавната установа Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства, да се воспостави соработка, како и да се стекнат знаења за добри практики од областа на:

– Истражување, скицирање, мониторинг и заштита на пештерски екосистеми

– Воспоставување на систем на еколошка едукација за заштита на пештерски екосистеми и адаптација кон климатските промени

– Спасување на планина, спасување во пештери, работа со спасителни кучиња

– Адаптација кон климатските промени, превенција и дејствување при шумски пожари

– Проектно и програмско работење и управување на посетените организации/институции.

Посетата се искористи и за вмрежување помеѓу организациите и институции со цел поголема соработка, заштита на животната средина, како и можно идно заедничко аплицирање за проекти и истражувања.

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166845125730074

Голема благодарност за поддршката до Park Škocjanske jame, Slovenija, Jamarska reševalna služba, Rdeči križ Koper

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

#климатскипромени#climatechange#пештерскиекосистеми#caveecosystems#биодиверзитет#biodiversity#црвенкрст#урсусспелеос#националенпаркгаличица