Активности за уредување на Споменикот на природа Горна Слатинска за развој на спелеолошки туризам


  • Поддржан од: проект на општина Македонски Брод финансиран од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој на Република Македонија
  • Временска рамка: 2017-2018 година
  • Партнери: Изведувач – Унига Стил од Скопје
  • Област: Животна средина, природни ресурси

Краток опис:

Активностите во рамките на проектот се фокусираа на дизајн и подготовка на едукативни табли за биодиверзитетот и геодиверзитетот во пештерата, физичка заштита на пештерата со поставување на заштитни врати согласно EUROBAT стандарди, уредување на пристапна патека до пештерата, поставување на платформа и скали во пештерата на ризичните делови како и надворешно уредување на патеката (во излезниот дел) на Горна Слатинска пештера.

Линк до документ: /