За Нас

Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје (ИДУС) е невладина организација формирана во 2001 година. Нејзината основна дејност е спелеологијата како интердисциплинарна наука, како и преземање на активности за грижа, унапредување и одржување на животната средина, поттикнување на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и унапредување на животната средина, со посебен акцент на карстните подрачја.

Научни истражувања

Скицирање на пештери, трасирање, подготвување на релевантни извештаи и студии поврзани со оцена за влијанието на човекот врз животната средина, оцена за стратешко влијание, анализи на заштитени подрачја, анализи поврзани со спелеологија и слично.

Подигнување на свест и градење на капацитети

Организирање на работилници за деца и младинци, обуки за водичи во пештери, обуки за спелеоспасители, активности за надградба на капацитети на институции и организации и др.

Заштита на природата

Подготовка и реализација на проекти и активности за заштита на животната средина, заштита на пештерите со заштитни врати согласно EUROBAT стандарди и др.

image
image
image
image

Партнери и поддржувачи на ИДУС

image
image

Најнови активности

Учество на студиска посета во Словенија во период од 07 до 11.10.2022
Нашите членови/волонтери д-р Билјана Гичевски, доктор по карстолошки науки и Александар Стојаноски, апсолвент на географија, насока ГИС, учествуваа на студиската посета на Словенија, каде што... Прочитај повеќе
Зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Србија
Во текот на денешниот ден беше одржан неформален состанок и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Истражувачкото друштво Урсус Спелеос и Планинарско спелеолошки клуб ДВИГ... Прочитај повеќе