Подготовка на документарен филм „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински Извор“


  • Поддржан од: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
  • Временска рамка: 2016-2017 година
  • Партнери: /
  • Област: Животна средина, природни ресурси

Краток опис:

Документарниот филм „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински Извор“ претставува оригинално дело кое е изработено со дел од наставниот кадар (режија, камера) на Филмската Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и ИД „Урсус спелеос“ – Скопје. Иницијативата за снимање на ваков филм е од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел промовирање на применетите научно-истражувачки методи од страна на спелеолозите од ИД „Урсус спелеос“ – Скопје при истражувањето на хидрогеолошките и спелеолошките одлики на изворот Слатински Извор и неговата зона на прихранување. Во филмот се прикажани активностите кои се преземени од страна на ИД „Урсус спелеос“ – Скопје за истражување на просторот, како: хидрогеолошко трасирање; хидрохемиски анализи на вода од подземен тек во пештера, пештерски украси и површински води; хидролошки активности на површински текови; лабораториски анализи на Институтот за истражување на карст ZRC SAZU – Постојна (Р. Словенија), Институт за биологија – Природно математички факултет – Скопје и Факултет за природни и технички науки – Штип. Изработениот филм е наменет за прикажување на карстологијата и истиот има научно-популарен карактер.

Линк до документ: https://www.youtube.com/watch?v=3tfk3PNlBTA