Обезбедување на одржлив развој во заштитеното подрачје Споменик на природа Слатински Извор


  • Поддржан од: Европска Унија и имплементиран во партнерство со УНДП и МЖСПП
  • Временска рамка: 2018-2019 година
  • Партнери: Еколошко друштво „Треска“-Македонски Брод, општина Македонски Брод
  • Област: Животна средина, природни ресурси

Краток опис:

Овој проект ќе донесе придобивки за локалното население и за животната средина преку намалување на притисоците врз екосистемот. Ова ќе се постигне преку:

  • Вратена природна состојба на пештерата Слатински извор преку воспоставен нов мултифункционален систем за наводнување и противпожарна заштита.
  • Воспоставен монитоинг и подобрување на противпожарната заштита во заштитеното подрачје.
  • Пошумување.
  • Подобрени животни услови на локалните жители.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:

  • Локалното население ќе има корист од мултифункционалниот систем за наводнување и противпожарна заштита.
  • Природното прихранување на пештерата Слатински извор ќе се врати.
  • Мониторингот на карстните води ќе го подобри знаењето за функционирањето на карстниот систем.
  • Ќе се пошумат 2 ха шумска територија со цел борба против штетните ефекти од ерозијата.
  • Пештерската фауна во пештерата Слатински Извор ќе има поголеми шанси за преживување.
  • Туристичката инфраструктура ќе ја подобри економската корист на локалното население.

Линк до документ: /