Подготовка на Споменик на природата Белешничка Река за развој на екотуризам


  • Поддржан од: Влада на Република Македонија
  • Временска рамка: 2016-2017 година
  • Партнери: /
  • Област: Животна средина

Краток опис:

Целта на проектот е промовирање на природните одлики на СП „ Белешничка Река“ и развој на екотуризам. Активностите на ИД „Урсус спелеос“ – Скопје во овој проект се однесуваа на истражување на спелеолошките одлики на пештерите од заштитеното подрачје и изработка на научно-популарен и информативен текст за пештерите. Овој текст е истакнат на дел од информативните табли кои се поставени во заштитеното подрачје. Финансиер на проектот е Влада на Република Македонија

Линк до документ: /