Студија за валоризација на геоморфолошки и спелеолошки вредности на СП Слатински Извор


  • Поддржан од: Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Временска рамка: 2013 – 2014 година
  • Партнери: /
  • Област: Животна средина

Краток опис:

Студија за валоризација на геоморфолошки и спелеолошки вредности на Споменикот на природа „Слатински Извор“ е финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје, како единствена граѓанска организација во земјава која се занимава со научно истражување на карстот, ја доби улогата за валоризација на геоморфолошките и спелеолошките вредности на споменикот на природа „Слатински Извор“. Како дополнување, овој проостор се наоѓа и на Тентативната листа на културно наследство на УНЕСКО. Втората цел на проектот беше определување/или предлог за нова заштитна категорија на подрачјето. Краен резултат беше изработена Студија која се достави на користење до Министерство за животна средина и просторно планирање и општина Македонски Брод

Линк до документ: Студија за валоризација на геоморфолошки и спелеолошки вредности на Споменикот на природа Слатински Извор