Студија за подземните карстни форми во изворишниот дел на Црна Река


  • Поддржан од: Фондација МАВА (Швајцарија) и Македонско Еколошко Друштво
  • Временска рамка: 2016 – 2017 година
  • Партнери: /
  • Област: Животна средина

Краток опис:

Студијата за подземните карстни форми во изворишниот дел на Црна Река е изработена во рамките на програмата за мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина од проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис“ којшто Македонското еколошко друштво заеднички го спроведува со ППНЕА (Албанија), КОРА (Швајцарија) и ЕуроНатур (Германија), со финансиска подршка од фондацијата МАВА (Швајцарија). Целта на проектот е евидентирање и истражување на подземните карстни форми (пештери и пропасти) во изворишниот дел на Црна Река (Демир Хисар). Активностите подразбираа теренски и кабинетски истражувања. Истражени се вкупно 11 пештери и пропасти. Притоа е изработена намена на спелеолошките објекти согласно Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Македонија (1999): научно- истражувачка, студиско-демонстративна, образовно-воспитна, културна, рекреативна, еколошка и стопанска намена. Краен продукт беше изработка на документот Студија за подземните карстни форми во изворишниот дел на Црна Река.

Линк до документ: /