Студија за валоризација на природните вредности на Јасен


  • Поддржан од: УНДП
  • Временска рамка: 2010 – 2011 година
  • Партнери: /
  • Област: Животна средина

.

Краток опис:

За потребите на проектот Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје ангажираше 19 експерти од следните области: алги, габи, флора, без’рбетници, ’рбетници, геоморфологија, хидрологија, ерозија, ГИС, социоекономски прашања, туризам и типови предели. Целта на проектот беше валоризирање на природните вредности на Јасен и определување на неговата заштитна категорија. Во Студијата беа анализирани обележјата за секоја област одделно, потоа се оценуваа вредностите на подрачјето (национална и меѓународна вредност, природни вредности, историски и културни вредности, социјални и економски вредности), а во делот Стратегија се даде Препорака за категорија на заштита на подрачјето со аргументација и предлози за граници и зони. Крајниот резултат од едногодишното истражување на заштитеното подрачје беше изработка на Студија за валоризација на природните вредности во повеќенаменското подрачје „Јасен“, која се достави на користење до сите релевантни државни институции и засегнатото јавно претпријатие „Јасен“

Линк до документ: Студија за валоризација на природните вредности на Јасен