Промоција и заштита на ендемското пештерско ракче alpioniscus slatinensis и глобално загрозениот лилјак Rhinolophus hipposideros во пештерите во СП Слатински Извор “


  • Поддржан од: Програма за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ)
  • Временска рамка: 2017-2018 година
  • Партнери: Еколошко друштво „Треска“-Македонски Брод
  • Област: Животна средина, природни ресурси

Краток опис:

Во периодот од септември 2017 до август 2018 година во Споменикот на природа „Слатински Извор“, Македонски Брод се спроведe проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче (Alpioniscus slatinensis) и глобално загрозениот лилјак мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Споменикот на природа „Слатински Извор“. Проектот се спроведe од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје во соработка со локалната организација Еколошко друштво „Треска“- Македонски Брод. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и ИД „Урсус спелеос“-Скопје. Генерална цел на проектот е да се заштитат природните живеалишта на пештерската фауна и истата да се промовира. Со помош на “in situ” конзервација на хабитатите на пештерската фауна се променува и подобрува состојбата на глобално загроезениот лилјак мал потковичар (Rhinolophus hipposiderоs) и ендемското пештерско ракче (Alpioniscus slatinensis), како и на останатата пештерска фауна во едно заштитено подрачје. Преку достапни информации, едукација и обука се промовира дел од разновидниот биодиверзитет, од една страна и се гради еколошка свест и однесување, од друга страна.

Линк до документ: /