Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени
- Поддржан од: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
- Временска рамка: 2022 – 2024 година
- Партнери: Црвен крст Охрид (проектен координатор), Национален парк Галичица (корисник)
- Област: Животна средина
Краток опис:
Проектот ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година и на истиот носител (координатор) на активностите ќе биде Црвен крст Охрид, партнер ќе биде Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на проектните резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади лица кои гравитираат кон заштитеното подрачје.
Главна цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. Истото ќе се постигне преку:
- Научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвентаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица
- Подготовка на видео материјали, флаери и научни публикации за промоција на подземните карстни форми во Националниот парк Галичица
- Научни истражувања за загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица, подготовка на флаери, видео материјали и научни публикации (опремување на лабораторија во Националниот парк Галичица)
- Подготовка на мерки за заштита на загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица
- Студиска посета за проектниот тим и претставници од Националниот парк Галичица на заштитеното подрачје Шкоцјанске Јаме во Словенија за размена на искуства и позитивни практики
- Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра наменета за деца од основно училиште за промоција и заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
- Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра намената за деца од основно училиште за адаптација кон влијанијата на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
- Подготовка на видео материјали за превенција од влијанието на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица за намалување на ризици од природни катастрофи предизвикани од климатските промени
- Подготовка и опремување на 3 едукативни катчиња за едукација за заштита на животната средина, во Националниот парк Галичица (Централна зграда и канцеларија Стење) и Црвен крст Охрид (Велестово)
- Формирање на едуактивна мрежа преку реализација на консултативен процес, работилници, состаноци и тренинг за едукатори (претставници од мрежата) за реализација на едукативните модули подготвени во рамките на проектот
- Реализација на 50 едукативни еднодневни работилници со деца од основно училиште
- Реализација на тематски еднодневни екскурзии во едукативните катчиња и Националниот парк Галичица
- Реализација на тродневен тренинг за прва помош и спасување во случај на шумски пожари во Национален парк Галичица
- Реализација на тродневен тренинг за гаснење на шумски пожари во Национален парк Галичица
- Набавка на опрема за гаснење на шумски пожари и опремување на простор и за складирање и одржување на истата
- Подготовка на план за подготвеност за шумски пожари и тестирање преку реализација на симулациска вежба со сите засегнати страни
- Реализација на почетна и финална работилница, мониторинг состаноци и административни активности
Проектните активности ќе бидат реализирани во партнерство со Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ преку кое се продолжува успешната приказна и соработка помеѓу двете здруженија.
Линк до документ: /