Програма за закрепнување на балканскиот рис – Фаза 4, компонентa: Прогласување на нови заштитени подрачја


  • Поддржан од: MАВА Фондација, Швајцарија
  • Временска рамка: 2019-2020 година
  • Партнери: Реализирано од Македонско Еколошко Друштво и ППНЕА – Албанија; ЦЗИП – Црна Гора; ЕРА – Косово; Финч – Косово; ЕуроНатур – Германија; КОРА – Швајцарија
  • Област: Животна средина

Краток опис:

Цел на програмата: Програмата за закрепнување на балканскиот рис повеќе од десет години во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан.

Активности во фаза 4: Активностите се насочени во шест различни стратегии (компоненти): Прогласување на нови заштитени подрачја, ефективност на веќе постоечките заштитени подрачја, законска регулатива значајна за рисот, едукација на локално население, истражување и мониторинг, одржлив лов и борба против криволов.

Линк до документ: /