Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица


  • Поддржан од: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program
  • Временска рамка: 2021-2022 година
  • Партнери: Црвен крст Охрид (Координатор), Еко Логик, Национален парк Галичица
  • Област: Животна средина

Краток опис:

Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите за едукација за заштита на природата со акцент на заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, а тоа ќе се постигне преку:

  • Подготовка на 2 дисеминациски/едукативни модули за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица (наменети за деца од градинки и ученици од основни училишта)
  • Подготовка на 2 интерактивни игри за заштита на пештери и лилјаци (наменети за деца од градинки и ученици од основни училишта)
  • Спроведување на обука за едукатори за имплементација на модулите, како и едукативни работилници во градинките и основните училишта на територијата на општина Охрид
  • Подготовка и дистрибуција на флаери и постери
  • Спроведување на теренска посета во пештера во Националниот парк Галичица
  • Спроведување на работилници за споделување искуства и вмрежување, како и развивање едукативна иницијатива за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица

Линк до документ: