Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природа „Слатински Извор“


  • Поддржан од: Еко Свест/WWF Adria/SIDA
  • Временска рамка: 2022 година
  • Партнери: /
  • Област: Животна средина, Aдаптација кон климатски промени

Краток опис:

Главна цел на проектот е воспоставување на механизам за ефикасно мобилизирање
на пожарникари доброволци и гаснење на шумски пожари на територија на
заштитеното подрачје Споменик на природа Слатински Извор и поширокиот регион на
Поречието.
Специфични цели на проектот се:
– Градење на капацитети на локалното население, заштитеното подрачје и
локалната самоуправа преку обука на 20 пожарникари доброволци од општина
Македонски Брод
– Вмрежување на засегнати страни, чинители и локално население за ефикасно
дејствување во случај на шумски пожар на подрачјето на Споменик на природа
Слатински Извор и поширокиот регион на Поречието.

Линк до документ: /