Нов проект – „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“

Потпишан договор за 3-годишна поддршка за реализација на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“

Проектен координатор: Црвен крст Охрид

Проектен партнер: Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”

Во текот на денешниот ден (15.08.2022 година), Црвен крст Охрид, по успешно завршување на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од PONT/CEPF“, потпиша договор со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за нова, 3-годишна финансиска поддршка за реализација на нов проект, поточно, проектот со наслов „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.

Проектот ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година и на истиот носител (координатор) на активностите ќе биде Црвен крст Охрид, партнер ќе биде Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на проектните резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади лица кои гравитираат кон заштитеното подрачје.

Главна цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. Истото ќе се постигне преку:

  • Научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвентаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица
  • Подготовка на видео материјали, флаери и научни публикации за промоција на подземните карстни форми во Националниот парк Галичица
  • Научни истражувања за загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица, подготовка на флаери, видео материјали и научни публикации (опремување на лабораторија во Националниот парк Галичица)
  • Подготовка на мерки за заштита на загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица
  • Студиска посета за проектниот тим и претставници од Националниот парк Галичица на заштитеното подрачје Шкоцјанске Јаме во Словенија за размена на искуства и позитивни практики
  • Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра наменета за деца од основно училиште за промоција и заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
  • Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра намената за деца од основно училиште за адаптација кон влијанијата на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
  • Подготовка на видео материјали за превенција од влијанието на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица за намалување на ризици од природни катастрофи предизвикани од климатските промени
  • Подготовка и опремување на 3 едукативни катчиња за едукација за заштита на животната средина, во Националниот парк Галичица (Централна зграда и канцеларија Стење) и Црвен крст Охрид (Велестово)
  • Формирање на едуактивна мрежа преку реализација на консултативен процес, работилници, состаноци и тренинг за едукатори (претставници од мрежата) за реализација на едукативните модули подготвени во рамките на проектот
  • Реализација на 50 едукативни еднодневни работилници со деца од основно училиште
  • Реализација на тематски еднодневни екскурзии во едукативните катчиња и Националниот парк Галичица
  • Реализација на тродневен тренинг за прва помош и спасување во случај на шумски пожари во Национален парк Галичица
  • Реализација на тродневен тренинг за гаснење на шумски пожари во Национален парк Галичица
  • Набавка на опрема за гаснење на шумски пожари и опремување на простор и за складирање и одржување на истата
  • Подготовка на план за подготвеност за шумски пожари и тестирање преку реализација на симулациска вежба со сите засегнати страни
  • Реализација на почетна и финална работилница, мониторинг состаноци и административни активности

Проектните активности ќе бидат реализирани во партнерство со Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ преку кое се продолжува успешната приказна и соработка помеѓу двете здруженија.

Повеќе информации наскоро!

National Park Galicica

#црвенкрстохрид#урсусспелеос#pont#climateadaptation#caveprotection#biodiversity#националенпаркгаличица