Одбележување на Недела на лилјакот, 24 до 31.10.2022

По повод одбележувањето на Неделата на лилјакот, која се одбележува во период од 24 до 31.10.2022 година, спелеолозите од Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ заедно со студентите биолози од Истражувачко друштво на студенти биолози на 30.10.2022 година реализираа теренска активност посета на Блажева пештера каде што беше направен мониторинг на лилјаци со bat detector.

Повеќе фотографии на: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166901757380074

Повеќе за неделата како и за материјали поврзани со лилјаците, можете да најдете на – https://batweek.org/take-action/

#BatWeek#урсусспелеос#идсб

Учество на студиска посета во Словенија во период од 07 до 11.10.2022

Нашите членови/волонтери д-р Билјана Гичевски, доктор по карстолошки науки и Александар Стојаноски, апсолвент на географија, насока ГИС, учествуваа на студиската посета на Словенија, каде што имаа можност да посетат заштитени подрачја, организации и институции од областа на животната средина.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства, да се воспостави соработка, како и да се стекнат знаења за добри практики од областа на:
– Истражување, скицирање, мониторинг и заштита на пештерски екосистеми
– Воспоставување на систем на еколошка едукација за заштита на пештерски екосистеми и адаптација кон климатските промени
– Спасување на планина, спасување во пештери, работа со спасителни кучиња
– Адаптација кон климатските промени, превенција и дејствување при шумски пожари
– Проектно и програмско работење и управување на посетените организации/институции.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Србија

Во текот на денешниот ден беше одржан неформален состанок и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Истражувачкото друштво Урсус Спелеос и Планинарско спелеолошки клуб ДВИГ од Владичин Хан, Србија и воедно се дискутираше на зајакнување на соработката на полето на научните истражувања, спелеологијата, меѓуграничната соработка, активности од областа на животната средина, размена на искуства, обуки, проектно работење итн.

Активно работиме на регионален пристап во активностите за унапредување на животната средина!

Студиска посета на Словенија – дел 4, посета на Црвен крст Копер, како и помали заштитени подрачја помеѓу Трст (Италија) и Копер и Сежана (Словенија)

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени “, се посети Црвен крст Копер, како и помали заштитени подрачја помеѓу Трст (Италија) и Копер и Сежана (Словенија).

Посетата се искористи за вмрежување, размена на контакти, искуства и практики од областа на спасувањето, укажувањето на прва помош како и проектно и програмско работење и управување, адаптација кон климатски промени итн. Како позитивна практика која се разгледа беше обуката и користењето на автоматските дефибрилатори кои во областа на Копер се поставени во голем број на фирми, објекти, јавни институции итн. Дополнително, во рамки на посетата се посетија и помали заштитени подрачја помеѓу Трст (Италија) и Копер и Сежана (Словенија) .

Повеќе фотографии на: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166861788060074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Студиска посета на Словенија – дел 3, посета на Спелеолошката спасителна служба на Словенија – спасителен центар во Крањ и Противпожарна единица на Крањ

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени “, во соработка со Спелеолошката спасителна служба на Словенија, се посети спасителниот центар во Крањ како и тренинг полигоните на самата служба.

Спелеолошката спасителна служба на Словенија е во голема мера волонтерска организација која функционира во рамките на системот на Цивилна заштита на Словенија и во овој момент е една од најдобро обучените, опремени и искусни спелеолошки спасителни служби во светот.

За време на посетата, од страна на претставникот на спасителната служба, Роберт Анжич, бевме запознаени со логистичките и тренинг простории на спелеолошката спасителна служба во Крањ, опремата и условите за спасување, соработката со останатите институции како и специфичностите на нивното делување.

Дополнително, со цел размена на искуства во областа на шумските пожари, беше посетена и Противпожарната единица во Крањ, која се наоѓа во истиот комплекс на спасителни станици/магацини, каде што се презентираше опремата за спасување, гаснење на пожари, можности и активности кои ги вршат пожарникарите (спасување на вода, прва помош) итн.

За време на посетата, исто така беше посетен и тренинг полигонот за работа со спасителни кучиња, кои службите на цивилната заштита во Словенија ги обучуваат за спасување во урнатини, пребарување на планина како и пребарување во пештери.

Посетата се искористи за размена на контакти, искуства и практики од областа на спасувањето на планини и пештери.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166857131990074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

National Park GalicicaЦрвен крст ОхридOhrid red cross – Mountain Rescue Service

Учество на работилница: „Нелегална сеча на шумите во Македонија“

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ заедно со Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje на ден 17.10.2022 година (понеделник), имаа можност да учествуваат на интерактивна работилница на тема: „Нелегална сеча на шумите во Македонија“.

Настанот беше организиран од страна на Американската амбасада во Македонија (U.S. Embassy / Амбасада на САД), односно едукативниот центар American Corner Skopje.

За време на работилницата, учесниците имаа можност да дискутираат со експерти од областа на шумарството, еколошката криминалистика, Меѓународната заштита на животната средина, како и со американскиот експерт Пол Хаф (Paul Huff), од шумската служба на САД.

Се разменуваа различни ставови и мислења за заштита на шумите од нелегална сеча, превенција од подметнати пожари, кражба на дрва и сл.

Оваа прилика ја користиме да искажеме благодарност до нашите пријатели и соработници од Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje, како и учеството на студентите студентите географи Евгенија Калајџиева и Никола Трајковски на настанот!

Студиска посета на Словенија – дел 2, посета на Дивашка јама

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, се Дивашка јама, пештера со која управува Спелеолошкото друштво Грегор Жиберна од Дивача.

Пештерата е откриена во 1884 година, долга е околу 700 метри и изобилува со колоритни и маркантни пештерски украси. Дополнително, пештерата е уредена за туристички посети.

За време на посетата, под водство на претставник од Спелеолошкото друштво Грегор Жиберна од Дивача, Борут Ложеј, се запознавме со каратеристиките на самата пештера, начинот на заштита, уредување а воедно и една специфика за истата – во минатото пештерата, поточно патеките по кои поминувале посетителите биле покриени со јаглен кој негативно влијаел на пештерата и пештерските украси. На иницијатива на Спелеолошкото друштво Грегор Жиберна но и со поддршка на институции, спелеолозите успеале да извадат значајни количини на јаглен од пештерата, да ги уредат патеките и да ја вратат пештерата во претходна состојба. Во овој момент, сеуште траат активностите во пештерата кои се во финална фаза.

Посетата на пештерата Дивашка јама се искористи за размена на искуства за тоа како може една пештера која несоодветно е туристички уредена, да и се подобри квалитетот на уредување а воедно и да се подобри нејзината заштита.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166853270735074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Студиска посета на Словенија – дел 1, посета на заштитеното подрачје Шкоцјанске јаме!

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, се посети заштитеното подрачје Шкоцјанске јаме.

Шкоцјанске јаме е заштитено подрачје во Словенија, регионален парк како и подрачје под заштита на УНЕСКО. Специфичен карстен систем, препознатлив по подземниот кањон кој на одредени места достигнува висина од 100 метри.

За време на посетата, под водство на претставници на службата на паркот, Борут Ложеј и Јана Мартинчич се реализираа следните активности:

– Посета на музејска поставка и инфо центар на Шкоцјанске јаме

– Презентација и размена на искуства на полето на заштита на животна средина, управување со заштитено подрачје, УНЕСКО предизвици, мониторинг и заштита на пештери итн.

– Презентација на систем за еколошка едукација на деца и ученици и начин на директна заштита и мониторинг на пештерски екосистеми

– Презентација на работа со проекти и проектен менаџмент за заштита на животна средина

– Истражување на пештерските екосистеми (начини на скицирање, документирање, техники на истражување итн.)

– Теренска посета на Шкоцјанске јаме, запознавање со пештерскиот екосистем, начинот на заштита и мониторинг (поставени сензори, опрема за комуникација, опрема за спасување итн.)

– Посета на едукативен центар во рамки на паркот – прикажување на практичен пример на соработка со локалното население, преку собирање и селекција на печурки во заштитеното подрачје

Дополнително, за време на посетата, бевме примени од страна на директорот на заштитеното подрачје Стојан Шчука, на кој имавме можност да дискутираме за понатамошна соработка помеѓу Шкоцјанске јаме и организациите кои беа дел од студиската посета, аплицирање на меѓународни проекти, ЕУ фондови итн. Исто така, за време на состанокот се дискутираше и за понатамошна размена на искуства и меѓусебна посета на експерти и стручни лица во Словенија и Македонија.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166848877350074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Реализирана студиска посета на Словенија!

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, во периодот од 7 до 11 октомври 2022, беше реализирана тематска студиска посета во Словенија, и тоа на следните организации/институции: Регионален парк Шкоцјанске јаме – подрачје под заштита на УНЕСКО; Спелеолошката спасителна служба на Словенија – спасителен центар во Крањ, Црвен крст Копер, како и помали заштитени подрачја помеѓу Трст (Италија) и Копер и Сежана (Словенија).

Во студиската посета учествуваа 8 претставници на Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Јавната установа Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства, да се воспостави соработка, како и да се стекнат знаења за добри практики од областа на:

– Истражување, скицирање, мониторинг и заштита на пештерски екосистеми

– Воспоставување на систем на еколошка едукација за заштита на пештерски екосистеми и адаптација кон климатските промени

– Спасување на планина, спасување во пештери, работа со спасителни кучиња

– Адаптација кон климатските промени, превенција и дејствување при шумски пожари

– Проектно и програмско работење и управување на посетените организации/институции.

Посетата се искористи и за вмрежување помеѓу организациите и институции со цел поголема соработка, заштита на животната средина, како и можно идно заедничко аплицирање за проекти и истражувања.

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166845125730074

Голема благодарност за поддршката до Park Škocjanske jame, Slovenija, Jamarska reševalna služba, Rdeči križ Koper

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

#климатскипромени#climatechange#пештерскиекосистеми#caveecosystems#биодиверзитет#biodiversity#црвенкрст#урсусспелеос#националенпаркгаличица

Учество на онлајн работилница: Oдбележување на Светскиот ден на геодиверзитетот

Претставниците на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во текот на денешниот ден (12.10.2022 година, среда) имаа можност да учествуваат на работилница за одбележување на Светскиот ден на геодиверзитетот.

Работилницата беше организирана од страна на МЕД/MES, Македонско Географско Друштво и Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje а реализирана од страна на домашни и странски предавачи.

За време на работилницата, учесниците (претставници од институции, невладини организации, студенти итн.) имаа можност да слушнат нешто повеќе за геодиверзитетот и геонаследството во Македонија, Србија, Хрватска а воедно имаа можност и да дискутираат за пештерите, како значаен дел од геодиверзитетот.