Учество на виртуелна работилница – Пост-Ковид обнова на заштитените подрачја

Претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ учествуваше на виртуелна работилница „Пост-Ковид обнова на заштитените подрачја“ организирана во рамките на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето II“ (PA4NP II) кој во Република Северна Македонија го спроведува WWF Adria во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

За време на работилницата воведни обраќања имаа Министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Насер Нуредини и Координаторот за политики во WWF Adria, г-н Горан Секулиќ.

Презентациите кои беа презентирани на работилницата беа:

1. Паркови Динариди, г-а Јелена Маројевиќ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Сектор за природа, г-н Влатко Трпески

2. ЈУ НП Маврово, г-н Самир Ајдини

3. ЈУ НП Пелистер, г-а Виолета Сотироска

4. ЈУ НП Галичица, г-н Андон Бојаџи

За време на дискусијата како и на презентациите, учесниците можеа да се запознаат со притисоците, проблемите но и можностите за надминување на предизвикот кој пандемијата го наметна во заштитените подрачја.

На работилницата присуствуваа претставници на државни институции, невладини организации, претставници на заштитените подрачја во Македонија како и други релевантни организации.

Едно од прашањата и заклучоците од дискусијата беа и можностите за отворање на пост ковид фондови за обнова на заштитени подрачја.

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ како управител на заштитеното подрачје, Споменик на природа „Слатински Извор“ континуирано работи на надградба на капацитети со цел развој и континуирана заштита на природата.

Министерство за животна средина / Ministria e Mjedisit JetësorWWF Adria

#postcovidnatureprotection#naturemk#ursusspeleos#slatinskiizvor#naturemk#protectedareas#wwwfadria