Онлајн предавање за карстот во Словенија – Матеј Блатник (Matej Blatnik)

Centre for Ecology, Evolution and Environmental Changes – cE3c по повод 2021 година, меѓународната година на пештерите и карстот, организира серијал на вебинар насловен „The cave show“ со цел подигнување на свеста за заштита и промоција на карстот, споделување на информации, истражувања итн.

Денес нашите членови имаа можност да се запознаат со историјата на истражувањето на карстот во Словенија, истражувања, значајни пештери и пропасти но и општи податоци за карстот и карстните појави.

Предавач беше Матеј Блатник (Matej Blatnik) од Karst Research Institute ZRC SAZU од Постојна, Словенија.

Снимка од предавањето можете да проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=aUqZ_F9N7QA

#2021yearofkarst#ursusspeleos#elearning#webinar#thecaveshow#slovenia#karst

22 Април – Денот на планетата Земја

Пештерските екосистеми не се имуни на промените што се случуваат, на притисоците и проблемите кои луѓето ги предизвикуваат и и наштетуваат на животната средина.

  • Стоп за фрлање на отпад во пештерите и пропастите
  • Стоп за уништување на пештерските украси и вознемирување на пештерската фауна
  • Стоп за неконтролираните посети на пештерите
  • Стоп за потпишување и цртање на графити во пештерите
  • Стоп за нелегални ископи (природата е богатството!)
  • Стоп за уништувањето на живеалиштата на ретките и загрозени видови кои што живеат во нив

Време е да се освестиме, да ја обновиме нашата планета Земја додека има време!

Повеќе информации можете да најдете на: https://www.facebook.com/EarthDayNetwork/

#RestoreOurEarth#EarthDayLive2021#ursusspeleos#урсусспелеос#slatinskiizvor#слатинскиизвор

Учество на виртуелна работилница – Пост-Ковид обнова на заштитените подрачја

Претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ учествуваше на виртуелна работилница „Пост-Ковид обнова на заштитените подрачја“ организирана во рамките на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето II“ (PA4NP II) кој во Република Северна Македонија го спроведува WWF Adria во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

За време на работилницата воведни обраќања имаа Министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Насер Нуредини и Координаторот за политики во WWF Adria, г-н Горан Секулиќ.

Презентациите кои беа презентирани на работилницата беа:

1. Паркови Динариди, г-а Јелена Маројевиќ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Сектор за природа, г-н Влатко Трпески

2. ЈУ НП Маврово, г-н Самир Ајдини

3. ЈУ НП Пелистер, г-а Виолета Сотироска

4. ЈУ НП Галичица, г-н Андон Бојаџи

За време на дискусијата како и на презентациите, учесниците можеа да се запознаат со притисоците, проблемите но и можностите за надминување на предизвикот кој пандемијата го наметна во заштитените подрачја.

На работилницата присуствуваа претставници на државни институции, невладини организации, претставници на заштитените подрачја во Македонија како и други релевантни организации.

Едно од прашањата и заклучоците од дискусијата беа и можностите за отворање на пост ковид фондови за обнова на заштитени подрачја.

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ како управител на заштитеното подрачје, Споменик на природа „Слатински Извор“ континуирано работи на надградба на капацитети со цел развој и континуирана заштита на природата.

Министерство за животна средина / Ministria e Mjedisit JetësorWWF Adria

#postcovidnatureprotection#naturemk#ursusspeleos#slatinskiizvor#naturemk#protectedareas#wwwfadria

Голем потковичар (Rhinolophus ferrumequinum)

Голем потковичар (Rhinolophus ferrumequinum) – најголемиот претставник од лилјаците потковичари со распон на крилата до 40cm. Се засолнува во пештери и други подземни места. Категоризиран е како близу загрозен вид (NT) според европската црвена листа.

Овој вид на лилјак може да се најде и во пештерите во Споменикот на природа „Слатински Извор“.

Како резултат на човековото влијание (сечење на шумите, исушување на водните површини, прекумерната употреба на инсектициди, вознемирување на колониите на лилјаците) денес сѐ повеќе се уништуваат природните живеалишта на лилјаците и се намалува бројноста на нивните популации. Зошто треба да не загрижува намалувањето на популациите на лилјаци? Сите лилјаци кои живеат во Македонија се исхрануваат со инсекти. Тие се на еден начин природни регулатори на инсектите. Да не се тие би имало премногу комарци и други штетни инсекти околу нас. Наспроти верувањата на повеќето луѓе, лилјаците не се опасни за човекот и не напаѓаат.

https://mes.org.mk/blog/liljatsite-na-makedonija/ – повеќе за лилјаците можете да прочитате тука

фотографија: Александар Стојанов МЕД/MES

#cavefauna#caving#bats#speleology#ursusspeleos#slatinskizivor#liljaci#peshteri#makedonskoekoloskodrustvo#zivotnasredina#biodiverzitet#biodiversity

17 април – меѓународниот ден на лилјаците

Во рамките на Меѓународната година на пештерите и карстот, но и по повод одбележување на 17 април, меѓународниот ден на лилјаците, ви го споделуваме видеото за пештерската фауна во Споменик на природа “Слатински Извор” подготвено заедно со експертите за пештерска фауна Марјан Комненов и Александар Стојанов

Видео продукција: Александар Стојаноски, ИД Урсус Спелеос

Проект „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ – финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

#slatinskiizvor#ursusspeleos#урсусспелеос#cavefauna#пештерскафауна#natureprotection#gefpmg