Информативен состанок со Министерство за животна средина и просторно планирање – Сектор природа

Денес проектниот тим на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF, одржа состанок со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање – Сектор природа, на кој се презентираше проектот, целите, активностите, како и очекуваните резултати. Од страна на претставниците на МЖСПП беше поздравена иницијативата за одржување на ваков состанок, беше поздравен проектот и неговата замисла, а воедно дискутиравме за вклучување на претставници на Министерството во понатамошните активности од проектот како што се состаноци, теренски активности и едукативни иницијативи.

Проектот е поддржан од:

Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program

#црвенкрстохрид#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци

Министерство за животна средина / Ministria e Mjedisit Jetësor

Црвен крст ОхридEco – LogicExploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”National Park Galicica