Пештерското ракче – Alpioniscus slatinensis

Пештерското ракче, Alpioniscus slatinensis, е опишано од пештерите во Слатина. Тоа претставува локален ендемски вид за фауната на Македонија и единствено може да се најде во пештерите во Поречкиот Басен.

Во текот на својата долготрајна еволуција, прилагодувајќи се на живот во пештерите во потполн мрак и многу висока и постојана влажност на воздухот, овој вид потполно ги изгубил очите и пигментот.

Како резултат на тоа развил други сетила со чија помош можел да опстане во специфичните пештерски услови, но не и надвор од пештерите. Затоа претставува типичен троглобионт.

Пештерското ракче, како и сите останати прави пештерски животни (троглобионти) многу се осетливи и на најмали промени во нивната животна средина, но и на промените надвор од пештерите (во прв ред климатските промени).

Затоа и најмала промена може негативно да се одрази на нивната популација и на нивниот опстанок.

Поради тоа пештерските животни, а со самото тоа и пештерското ракче (Alpioniscus slatinensis) се сметаат за загрозени животни и се нагласува потребата од нивна заштита.

#slatinskiizvor#naturemk#natureprotection#biodiversity#alpioniscusslatinensis#exploringmacedonia