Студиска посета на Словенија – дел 2, посета на Дивашка јама

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, се Дивашка јама, пештера со која управува Спелеолошкото друштво Грегор Жиберна од Дивача.

Пештерата е откриена во 1884 година, долга е околу 700 метри и изобилува со колоритни и маркантни пештерски украси. Дополнително, пештерата е уредена за туристички посети.

За време на посетата, под водство на претставник од Спелеолошкото друштво Грегор Жиберна од Дивача, Борут Ложеј, се запознавме со каратеристиките на самата пештера, начинот на заштита, уредување а воедно и една специфика за истата – во минатото пештерата, поточно патеките по кои поминувале посетителите биле покриени со јаглен кој негативно влијаел на пештерата и пештерските украси. На иницијатива на Спелеолошкото друштво Грегор Жиберна но и со поддршка на институции, спелеолозите успеале да извадат значајни количини на јаглен од пештерата, да ги уредат патеките и да ја вратат пештерата во претходна состојба. Во овој момент, сеуште траат активностите во пештерата кои се во финална фаза.

Посетата на пештерата Дивашка јама се искористи за размена на искуства за тоа како може една пештера која несоодветно е туристички уредена, да и се подобри квалитетот на уредување а воедно и да се подобри нејзината заштита.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166853270735074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT