Студиска посета на Словенија – дел 1, посета на заштитеното подрачје Шкоцјанске јаме!

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, се посети заштитеното подрачје Шкоцјанске јаме.

Шкоцјанске јаме е заштитено подрачје во Словенија, регионален парк како и подрачје под заштита на УНЕСКО. Специфичен карстен систем, препознатлив по подземниот кањон кој на одредени места достигнува висина од 100 метри.

За време на посетата, под водство на претставници на службата на паркот, Борут Ложеј и Јана Мартинчич се реализираа следните активности:

– Посета на музејска поставка и инфо центар на Шкоцјанске јаме

– Презентација и размена на искуства на полето на заштита на животна средина, управување со заштитено подрачје, УНЕСКО предизвици, мониторинг и заштита на пештери итн.

– Презентација на систем за еколошка едукација на деца и ученици и начин на директна заштита и мониторинг на пештерски екосистеми

– Презентација на работа со проекти и проектен менаџмент за заштита на животна средина

– Истражување на пештерските екосистеми (начини на скицирање, документирање, техники на истражување итн.)

– Теренска посета на Шкоцјанске јаме, запознавање со пештерскиот екосистем, начинот на заштита и мониторинг (поставени сензори, опрема за комуникација, опрема за спасување итн.)

– Посета на едукативен центар во рамки на паркот – прикажување на практичен пример на соработка со локалното население, преку собирање и селекција на печурки во заштитеното подрачје

Дополнително, за време на посетата, бевме примени од страна на директорот на заштитеното подрачје Стојан Шчука, на кој имавме можност да дискутираме за понатамошна соработка помеѓу Шкоцјанске јаме и организациите кои беа дел од студиската посета, аплицирање на меѓународни проекти, ЕУ фондови итн. Исто така, за време на состанокот се дискутираше и за понатамошна размена на искуства и меѓусебна посета на експерти и стручни лица во Словенија и Македонија.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166848877350074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT