Студиска посета на Словенија – дел 3, посета на Спелеолошката спасителна служба на Словенија – спасителен центар во Крањ и Противпожарна единица на Крањ

За време на студиската посета на Словенија, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени “, во соработка со Спелеолошката спасителна служба на Словенија, се посети спасителниот центар во Крањ како и тренинг полигоните на самата служба.

Спелеолошката спасителна служба на Словенија е во голема мера волонтерска организација која функционира во рамките на системот на Цивилна заштита на Словенија и во овој момент е една од најдобро обучените, опремени и искусни спелеолошки спасителни служби во светот.

За време на посетата, од страна на претставникот на спасителната служба, Роберт Анжич, бевме запознаени со логистичките и тренинг простории на спелеолошката спасителна служба во Крањ, опремата и условите за спасување, соработката со останатите институции како и специфичностите на нивното делување.

Дополнително, со цел размена на искуства во областа на шумските пожари, беше посетена и Противпожарната единица во Крањ, која се наоѓа во истиот комплекс на спасителни станици/магацини, каде што се презентираше опремата за спасување, гаснење на пожари, можности и активности кои ги вршат пожарникарите (спасување на вода, прва помош) итн.

За време на посетата, исто така беше посетен и тренинг полигонот за работа со спасителни кучиња, кои службите на цивилната заштита во Словенија ги обучуваат за спасување во урнатини, пребарување на планина како и пребарување во пештери.

Посетата се искористи за размена на контакти, искуства и практики од областа на спасувањето на планини и пештери.

Повеќе фотографии на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166857131990074

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

National Park GalicicaЦрвен крст ОхридOhrid red cross – Mountain Rescue Service