Учество на Обука за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за Концептот на екосистемски услуги – Модул 1

Нашиот член Дарио Стојановски во периодот 24 до 25.03.2022 година, учествуваше на Модулот 1 од Обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за Концептот на екосистемски услуги кој се одржа во хотел Манастир, Берово а беше организирана од страна на Фармахем Скопје во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – излезна фаза.

За време на работилницата, од страна на предавачи од Фармахем, Македонското Еколошко Друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање, учесниците имаа можност да се запознаат со програмата, концептот на екосистемските услуги, позначајни проекти и иницијативи за ЕСУ во Европа и светот како и законски одредби, стратегии и документи од аспект на екосистемските услуги.

Следниот модул ќе се реализира во месец април 2022 во Маврово.

МЕД/MESМинистерство за животна средина / Ministria e Mjedisit Jetësor

#фармахем#екосистемскиуслуги#македонскоеколошкодруштво#урсусспелеос#слатинскиизвор#мжспп#животнасредина