Учество на работилница: „Нелегална сеча на шумите во Македонија“

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ заедно со Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje на ден 17.10.2022 година (понеделник), имаа можност да учествуваат на интерактивна работилница на тема: „Нелегална сеча на шумите во Македонија“.

Настанот беше организиран од страна на Американската амбасада во Македонија (U.S. Embassy / Амбасада на САД), односно едукативниот центар American Corner Skopje.

За време на работилницата, учесниците имаа можност да дискутираат со експерти од областа на шумарството, еколошката криминалистика, Меѓународната заштита на животната средина, како и со американскиот експерт Пол Хаф (Paul Huff), од шумската служба на САД.

Се разменуваа различни ставови и мислења за заштита на шумите од нелегална сеча, превенција од подметнати пожари, кражба на дрва и сл.

Оваа прилика ја користиме да искажеме благодарност до нашите пријатели и соработници од Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje, како и учеството на студентите студентите географи Евгенија Калајџиева и Никола Трајковски на настанот!