Учество на студиска посета во Словенија во период од 07 до 11.10.2022

Нашите членови/волонтери д-р Билјана Гичевски, доктор по карстолошки науки и Александар Стојаноски, апсолвент на географија, насока ГИС, учествуваа на студиската посета на Словенија, каде што имаа можност да посетат заштитени подрачја, организации и институции од областа на животната средина.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства, да се воспостави соработка, како и да се стекнат знаења за добри практики од областа на:
– Истражување, скицирање, мониторинг и заштита на пештерски екосистеми
– Воспоставување на систем на еколошка едукација за заштита на пештерски екосистеми и адаптација кон климатските промени
– Спасување на планина, спасување во пештери, работа со спасителни кучиња
– Адаптација кон климатските промени, превенција и дејствување при шумски пожари
– Проектно и програмско работење и управување на посетените организации/институции.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT