Едукација за заштита на пештери и лилјаци

Во текот на месеците мај и јуни 20222 година, во рамки на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF, во основни училишта и градинки на територија на општина Охрид, како и градинка на територија на општина Ресен, од страна на обучени едукатори беа реализирани едукативни сесии/работилници преку кои се тестираа подготвените едукативни модули од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, како и интерактивни игри подготвени од страна на Еко Логик за заштита на пештери и лилјаци. Со работилниците беа опфатени вкупно 297 деца на возраст од градинка и 151 дете на возраст од основно училиште.

Дополнително, во текот на месеците април и мај 2022 година, од страна на волонтери на Црвен крст Охрид, беа дистрибуирани вкупно 3000 флаери и 300 постери наменети за заштита на пештери и лилјаци во Национален парк Галичица. Флаерите и постерите беа дизајнирани од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а беа дистрибуирани до 38 образовни и останати институции на територија на општина Охрид. Преку оваа активност беа опфатени над 5000 деца.

Продолжуваме со едукација и заштита на животната средина!

Проектот е поддржан од:

Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program

#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци

Црвен крст ОхридEco – LogicNational Park Galicica