Едукативна кампања за заштита на пештери и лилјаци
Во текот на месец мај 2022 година, во рамки на проектот за „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF, се подготви и реализираше едукативна кампања за промоција и заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица. Кампањата се состоеште од 23 објави и опфати вкупно 18186 лица на социјалните медиуми.
За време на кампањата која се реализираше на социјалните медиуми, јавноста можеше да се запознае со општите податоци за спелеологијата, пештерските украси, значењето на пештерите и лилјаците, специфични пештери во Националниот парк Галичица (Самотска Дупка, Колкоа дупка итн), специфични лилјаци кои што живеат во пештерите во Националниот парк Галичица (голем потковичар, медитерански потковичар итн.) а водно можеше да се запознае и со начинот како може да се посети пештера и каква опрема е потребна.
Линкови до објавите:
Онлајн кампањата е во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF
Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program
Црвен крст ОхридEco – LogicNational Park Galicica
#црвенкрстохрид#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци#yearofkarst#месецнапештериилилјаци