Финална работилница од проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица

Финализирање на проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од PONT/CEPF!

На 27.06.2022 година, во просториите на Црвен крст Охрид, се реализираше финалната работилница во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF. На истата присуствуваа претставници од сите партнерски организации, како и Националниот парк Галичица. Се работеше на евалуација на проектот, презентација на резултатите, а воедно се потпишаа/разменија и меморандуми за соработка помеѓу организациите и Националниот парк со цел обезбедување континуитет на едукативните активности.

Голема благодарност до сите вклучени!

Проектот е поддржан од:

Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program

#црвенкрстохрид#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци

Eco – LogicЦрвен крст ОхридNational Park Galicica