Летна спелеолошка школа – Работилници бр.5 и бр.6

Денес, на ден 22.07,2021 година реализиравме уште 2 од планираните 9 работилници од летната спелеолошка школа

Денешните работилници беа насловени:

  • Скицирање на пештери и пропасти (Nemanja Milosavljevic – Planinarsko Speleoloshki klub Dvig, Srbija)
  • Прва помош на терен (Антонио Додевски, раководител на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид)

На денешните работилници учествуваа вкупнп 17 учесници.

За врема на првата работилница реализирана од страна на предавачот од Србија, имавме можност да се запознаеме со основите мерењето на пештери и пропасти, начин на подготовка на скица (профил и план), каква опрема треба да се има, различните начини на организирање на скицирање како и можноста за користење на најразлични софтверски решенија.

За врема на втората работилница, учесниците имаа можност да се запознаат со практични совети за укажување на прва помош на терен, проценката на состојбата, управувањето со состојбата како и важноста на правилно укажување на прва помош и психосоцијална поддршка. Воедно учесниците имаа можност да се запознаат и делумно со начинот на фукнционирање и можностите за поддршка од страна на Планинската спасителна служба при Црвен крс Охрид.

Од дискусиите и разменувањето на идеи и искуства, произлегоа неколку идеи пред се за соработка на полето на истражување и скицирање на пештери заедно со нашите пријатели спелеолози од Србија како и можноста за посета на Центарот на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид за практично пробување и увежбување на спелеолошки техники, прва помош и вмрежување за зголемување на безбедноста во outdoor активностите.

Голема благодарност до Немања и Антонио за вклучување и поддршка во реализација на летната спелеолошка школа.

Наредната работилница во рамките на летната спелеолошка школа ќе биде „Спелео нуркање“ (Гоце Димитриевски, Игор Петрушевски, Спелеонуркачки клуб Врело). Истата ќе се одржи на 05.08.2021 година со почеток од 17 часот.