Повторно нови изненадувања, сега за најмладите!
Заедно со нашите пријатели од ЕХО Фестивал на планински филм / Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022 решивме оваа година да ја прикажеме спелеологијата и пештерите на присутните од најразлични возрасти и да ги запознаеме со подземните убавини на Македонија.
Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и неговите членови и едукатори ќе бидат присутни на фестивалот преку:
- Информативен штанд со опрема: на информативниот штанд, сите присутни ќе имаат можност да се запознаат со комплетната спелеолошка опрема (индивидуална и колективна) за истражување на пештери, како и за безбедна посета на пештери;
- Работилница за заштита на пештери и лилјаци наменета за возраст на деца од градинка и основно училиште – едукативна работилница за запознавање со карстот, пештерите во Македонија, пештерите во Националниот парк Галичица, лилјаците но и нивна заштита, вклучително играње на интерактивни „board игри“ наменети за деца на возраст од градинка и основно училиште.
Повеќе инфо за работилницата за деца:
- Термин на одржување: 22ри септември (четврток), 17 часот, МКЦ
- Возраст: 6+ годишна возраст
- Пријавување на: contact@ehofilmfest.mk
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен – прв примен.
Игрите и едукативните материјали (модули, ресурси) се подготвени во рамки на проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program во партнерство со Црвен крст Охрид, National Park Galicica и Eco – Logic!
