Летна спелеолошка школа – Работилница бр.1: Основи на спелеологијата и карстот во РСМ

На ден 03.06.2021 година започна Летната спелеолошка школа со работилницата бр.1: Основи на спелеологијата и карстот во РСМ реализирана од страна на д-р Билјана Гичевски, Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“. Летната спелеолошка школа е во рамките на одбележувањето на 2021 година – Меѓународната година на карстот и пештерите.

На спелеолошката школа се пријавени 35 учесници од ИДУС, Спелеонуркачки клуб Врело, Истражувачко друштво на студенти биолози, Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“, НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Општина Ресен, Сектор за животна средина, Институт за географи при ПМФ Скопје, Општина Вевчани, ПЕД Закамен, Алпинистички Клуб “Матка” и Еколошко друштво „Треска“ – Македонски Брод.

На денешната работилница учесниците имаа можност подетално да се запознаат со карстот, подземните карстни форми, спелеогенеза, карстна хидрографија, пештерски украси, карстот и истражувањата во Македонија како и со Студијата на случај – Слатински Извор, заштитено подрачје во Македонија кое е под управување на Истражувачкото друштво Урсус спелеос. По завршување на работилницата, во времето предвидено за прашања и дискусии се споделуваа искуства од истражувања на пештерите, безбедност, ризици, кои пештери се погодни за посета како и многу други интересни податоци.

Се гледаме на наредната работлница на 17.06.2021 година!