Летна спелеолошка школа – Работилница бр.2

Во текот на денешниот ден, 17.06.2021 година, се одржа втората работилница од летната спелеолошка школа.

За време на работилницата се разработуваа следните теми:

– Законска регулатива за заштита на спелеолошките објекти во РСМ ( Владо Атанасовски – Министерство за заштита на животна средина и просторно планирање на РСМ)

– Позитивни практики за заштита на природата, Споменик на природа Слатински Извор (Рате Савев, Еколошко Друштво „Треска“ Македонски Брод)

За време на работилницата, поточно за време на првата презентација од страна на претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ учесниците имаа можност подетално да се запознаат со законската регулатива за заштита на спелеолошките објекти во Македонија, какви мерки треба да се превземат, процедурите за заштита и за научни истражувања како и со тоа кои спелеолошки објекти во Македонија се прогласени за заштитени подрачја.

За врема на втората презентација, од страна на претставникот на Еколошкото Друштво „Треска“ – Македонски Брод, учесниците имаа можност да се запознаат со активностите на Еколошкото Друштво „Треска“ Македонски Брод како и со позитивната практика на заштита на спелеолошки објект (проектни активности, еколошки патроли, мониторинг и истражувачки активности, партнерски соработки итн.), Споменикот на природа „Слатински Извор“, најдолгата пештера во Македонија која е на Привремената листа за заштита на УНЕСКО како и за соработката помеѓу невладиниот сектор и државните институции.

На работилницата број 2 учествуваа 17 учесници кои се пријавени на летната спелеолошка школа.

По завршување на работилницата, во времето предвидено за прашања и дискусии се споделуваа искуства од делот на заштита на пештерите, проблеми, предизвици и предлог идеи за соработки.

Голема благодарност до Министерството за животна средина и просторно планирање – Сектор природа како и до Еколошкото друштво „Треска“ – Македонски Брод за вклучување и поддршка за реализација на летната спелеолошка школа.

Повеќе за Законската регулатива за заштита на спелеолошки објекти во Македонија – https://ursusspeleos.org.mk/speleologija/prirachnik-za-speleologija/zakonska-regulativa/

Повеќе за Споменик на природа „Слатински Извор“ – https://ursusspeleos.org.mk/spomenik-na-priroda-slatinski-izvor/

Наредната работилница ќе се одржи на 24.06.2021 година со почеток од 17 часот.