Летна спелеолошка школа – Работилница бр.3

Денес ја реализиравме третата од планираните 9 работилници од летната спелеолошка школа!

На работилницата насловена „Спелеолошка опрема и спелеолошки техники“ реализирана од страна на нашиот пријател и инструктор за спелеологија, Ales Strazar, Drustvo za raziskovanje jam – Simon Robic, Domzale, Slovenia имавме можност да дознаеме каква опрема треба да поседува спелеолог и како истата да ја користи со помош на спелеолошки техники. На денешната работилница учествуваа 20 учесници.

Дознавме нешто повеќе за какви комбинезони се користат во спелеологијата, заштитни шлемови, појаси, опрема за техника на единечно јаже како и нејзино одржување и карактеристики. Во делот на спелеолошките техники, можеше да се разгледаат техники кои се користат во пропасти, поставување на сидришта, јазли како и правилни начини на користење на истите. Овие техники, заедно со опремата, учесниците ќе имаат можност практично да ги пробаат по завршување на онлајн спелеолошката школа, под водство на инструктори од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ на претходно подготвен полигон за вежбање а потоа и директно во пештера.

Голема благодарност до Алеш Стражар за вклучување и поддршка во реализација на летната спелеолошка школа.

Наредната работилница во рамките на летната спелеолошка школа ќе биде составена од 2 дела, поточно Безбедност, ризици и движење во пештери (Marko Rakovac, Komisija za speleologiju Hrvatskog planinarskog saveza, Hrvatskа) и Спелео фотографија и снимање (Tomaz Grdin, Jamarski klub Novo Mesto, Slovenia). Истата ќе се одржи на 08.07.2021 година со почеток од 17 часот.