Летна спелеолошка школа – Работилница бр.4

Денес, на ден 08.07,2021 година ја реализиравме четвртата од планираните 9 работилници од летната спелеолошка школа!

Четвртата работилницата беше составена од две презентации кои беа насловени:

  • Спелео фотографија и снимање (Tomaz Grdin, Jamarski klub Novo Mesto, Slovenia)
  • Безбедност, ризици и движење во пештери (Marko Rakovac, Komisija za speleologiju Hrvatskog planinarskog saveza, Hrvatska)

На денешната работилница учествуваа 17 учесници.

Од првата презентација која беше фокусирана на спелео фотографијата, имавме можност да се запознаеме со основите на подготовка, организација и начини на реализација на успешно фотографирање во пештера, користење на светло, tips and tricks за содржина на фотографија како и опрема која може да се искористи (трипод, видови на фотоапарати, објективи, блицови итн.). Во рамките на втората презентација, учесниците имаа можност да се запознаат со начинот на движење во пештери и пропасти, безбедноста и ризиците (објективни, субјективни и од техничка природа), како да ги избегнеме, како да се справиме со нив и како да реагираме доколку се случи нешто. Овие активности учесниците ќе имаат можност практично да ги пробаат по завршување на онлајн спелеолошката школа, под водство на инструктори од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“.

Голема благодарност до Томаш Грдин и Марко Раковац за вклучување и поддршка во реализација на летната спелеолошка школа.

Наредната работилница во рамките на летната спелеолошка школа ќе биде „Скицирање на пештери и пропасти“(Nemanja Milosavljevic – Planinarsko Speleoloshki klub Dvig, Srbija). Истата ќе се одржи на 15.07.2021 година со почеток од 17 часот.