Најава за почеток на реализација на нов проект

Во 2022 година со поддршка на Eko-svest и WWF Adria ќе реализираме активности за Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата „Слатински Извор“. Овие активности се во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка.

Проектните активности ќе се реализираат заклучно со месец август 2022 година и ќе опфатат градење на капацитети, градење на свест и превенција од шумски пожари во заштитеното подрачје и неговата околина.

Повеќе за проектот, фазите и активностите наскоро!!!

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција