Модули за едукација на деца од градинка и ученици од основно училиште за заштита на пештери и лилјаци во Национален парк Галичица
Тимот на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ со задоволство би сакал да Ви го најави финализирањето на 2 нови Модули наменети за едукација на деца од градинка и ученици од основно училиште за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица!
За прв пат на територија на нашата држава а можеби и на регионално ниво, се подготвија Модули за неформално образование кои во иднина може да бидат адаптирани за сите подрачја во Македонија кои имаат пештери и да послужат како одличен пример за еколошка едукација!
Модулите кои се дизајнирани на македонски и албански јазик, се подготвени од страна на експерти на полето на карстологијата, биодиверзитетот и педагогијата!
– проф.д-р Билјана Гичевски
– м-р Александар Стојанов
– проф.д-р Алма Тасевска
Модулите содржат:
- Динамика на модул, опис, потребен материјал, процес на подготовка
- НП Галичица – биолошка и културна ризница
- Пештери – карст, пештери, спелеолошка опрема, пештери во НП Галичица, закана и заштита на карстот и пештерите
- Лилјаци – главни карактеристики и распространување, живеалишта, исхрана, животен циклус, социјален живот, закани, значење, човекот и лилјаците, лилјаци во НП Галичица, заштита
- Правила за однесување при посета на пештера
- Помошни активности (искуствено учење) за пештери и лилјаци
- Насоки за подготовка и реализација на активности (tips and tricks)
- Мониторинг и евалуација на реализирани активности
Активностите се реализираа во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” кој е финансиран од страна на Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program. Проектот е под координација на Црвен крст Охрид а проектни партнери заедно со ИДУС се Eco – Logic. Финални корисници на продуктите се National Park Galicica!
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за модулите слободно можете да не контактирате!
#црвенкрстохрид#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци

