Обука „Развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ“

Претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ на покана на Здружението за одржлив развој „Милиеуконтакт Македонија, на 11.06.2021 година учествуваше на онлајн обука насловена „Развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ “

Оваа обука е дел од планот за обуки за транспарентни климатски политики и акции, подготвен во рамките на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).Цел на обуката беше да обезбеди информации за претставниците на министерствата и локалните самоуправи за тоа што претставува развој базиран на ниско-јаглеродни емисии, како и да се обезбеди информации за Зелениот договор на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.

На обуката учествуваа над 55 учесници од локалните самоуправи во Македонија, МАНУ, Центрите за развој, Машински факултет, CeProSARD, Истражувачко друштво „Урсус спелеос“, УНДП/МТСП, Институт за јавно здравје на РСМ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Министерство за локална самоуправа, Министерство за одбрана, МЖСПП, Милиеуконтакт Македонија, Дирекција за Заштита и Спасување, МЗШВ, Министерство за Транспорт и Врски, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово како и многу други организации и институции.