Опрема за ТППЕ Македонски Брод

Во текот на денешниот ден, по завршување на симулациската вежба за гаснење на шумски пожар на територија на општина Македонски Брод, тимот на ИД Урсус спелеос и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“, како дополнување на постоечката опрема, достави на користење противпожарни метли и лопати до Територијалната противпожарна единица во Македонски Брод кои може да се искористат за зајакнување на капацитетите и гаснење на пожари во заштитеното подрачје Слатински Извор како и поширокиот регион на Македонски Брод.

Со оваа активност го одбележавме и 5ти јуни, Светскиот ден на животната средина! Да бидеме подготвени и да ја заштитиме природата!

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во текот на изминатите години континуирано работи на заштита на подрачјето на Споменикот на природа „Слатински Извор“ преку превенција, подигнување на свест, дејствување при шумски пожари и мониторинг со дрон.

Eko-svestОпштина Македонски БродWWF Adria

Дополнителната опрема за гаснење на шумски пожари е набавена во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција