Учество на Обука за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за Концептот на екосистемски услуги – Модул 3 и 4

Нашиот член Дарио Стојановски во периодот 01 до 03.06.2022 година, учествуваше на Модулот 3 и 4 од Обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за Концептот на екосистемски услуги кои се одржаа во хотел Unique во Охрид а беше организирана од страна на Фармахем Скопје во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – излезна фаза.

За време на работилницата, од страна на искусни предаваи имаа можност да се запознаат со интегрираната проценка на екосистемските услуги, монетарно вреднување, анализа на бенефити на засегнати страни како и работа на студија на случај.

Министерство за животна средина / Ministria e Mjedisit Jetësor Дарио Стојановски

Фотографија Државен инспекторат за животна средина / Inspektorati Shtetëror i Mjedisit

#фармахем#екосистемскиуслуги#македонскоеколошкодруштво#урсусспелеос#слатинскиизвор#мжспп#животнасредина

Тренинг за доброволни пожарникари и логистичка поддршка при справување со шумски пожари во заштитеното подрачје Споменик на природата “Слатински Извор” и Порече“ 

Во период од 03 до 05.06.2022 година, во просториите на општина Македонски Брод, се реализираше тренинг за доброволни пожарникари и логистичка поддршка при справување со шумски пожари во заштитеното подрачје Споменик на природата “Слатински Извор” и Порече,

За време на тренингот, учесниците, од страна на експерти од областа на цивилната заштита, противпожарната заштита и укажувањето на неодложна прва помош, имаа можност да се запознаат со основите на шумските пожари, тактики на гаснење, користење на прирачни средства за гаснење на шумски пожари, противпожарна опрема, системот за цивилна заштита во Македонија како и начини на укажување на неодложна прва помош за време на шумски пожари

На тренингот учествуаа 21 учесник, претставници на државни институции, образовни институции, невладини организации и локално население.

За време на тренингот, се реализираше и симулациска вежба за тестирање на знаењата со поддршка од Територијалната противпожарна бригада на општина Македонски Брод.

Учесниците кои се стекнаа со знаења за справување со шумски пожари, во иднина, ќе бидат поддршка на државните институции во справување со шумски пожари на територија на Споменикот на природата Слатински Извор како и поширокото подрачје на општина Македонски Брод

Продолжуваме со градење на капацитети!

Повеќе фотографии од тренингот можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=UrsusSpeleos…

Eko-svestWWF AdriaОпштина Македонски Брод

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција

Симулациска вежба „Шумски пожар во Македонски Брод 2022“

На ден 05.06.2022 година, во рамки на Тренингот за доброволни пожарникари и логистичка поддршка при справување со шумски пожари во заштитеното подрачје Споменик на природата “Слатински Извор” и Порече, се реализираше теренска симулациска вежба за гаснење на шумски пожари.

На вежбата и на тренингот учествуваа претставници од:

– ИД Урсус спелеос

– заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“

– ЕД “Треска” Македонски Брод

– ТППЕ Македонски Брод

– Општина Македонски Брод

– ДЗС – Подрачно одделение за зашитата и спасување Македонски Брод

– ЦУК – Подрачно одделение – Регионален центар за управување со кризи Македонски Брод

– ООУ “Св. Климент Охридски” Македонски Брод

– СОУ “Св. Наум Охридски” Македонски Брод

– Министерство за правда – Подрачно одделение за бесплатна правна помош

– Пица Бар “Д&Д” – Македонски Брод

– НИКОБ Обезбедување – Македонски Брод

– Приватни (индивидуални) лица.

Истата послужи за тестирање на стекнатите знаења на учесниците на тренингот, увежбување на употреба на прирачни средства и помагала за гаснење на шумски пожари (напртњачи и противпожарни метли), како и вмрежување помеѓу институциите, приватните лица и невладиниот сектор во превенција и дејствување во случај на шумски пожари

Повеќе фотографии од вежбата можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set?vanity=UrsusSpeleos…

Eko-svestWWF AdriaОпштина Македонски Брод

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција

Учество на Конференција „Преку соработка до заштита на природата“ – 31.05 до 03.06.2022 (Сараево, Босна и Херцеговина)

Во периодoт од 31.05 до 03.06.2022 година, повеќе од 150 учесници од целиот регион учествуваа на конференцијата „Преку соработка до заштита на природата“ која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина а беше организирана од страна на WWF Adria и Parks Dinarides

Учесници, поточно, управители на заштитените подрачја од регионот како и граѓански организации кои работат на заштита на природата имаа можност во неколку сесии да работат и разменуваат искуства и мислење на темите човечки права во заштитата на животната средина, Зелената агенда, градење на капацитети, зајакнување на соработката, вмрежување, а дополнително, пред крајот на конференцијата се одржаа и теренски посети на Бијамбаре (заштитено подрачје и комплекс на пештери) и Скакавац (заштитено подрачје и водопади).

На конференцијата која бешее организирана од Паркови Динариди и WWF Adria, како претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ кое е управител на заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“, учествуваше д-р Марјан Комненов,

Фотографија: Parks Dinarides

#wwfadria#sustainabledevelopment#greenagendа#slatinskiizvor ##ursusspeleos#parksdinarides#protectedareas#nature4people

Опрема за ТППЕ Македонски Брод

Во текот на денешниот ден, по завршување на симулациската вежба за гаснење на шумски пожар на територија на општина Македонски Брод, тимот на ИД Урсус спелеос и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“, како дополнување на постоечката опрема, достави на користење противпожарни метли и лопати до Територијалната противпожарна единица во Македонски Брод кои може да се искористат за зајакнување на капацитетите и гаснење на пожари во заштитеното подрачје Слатински Извор како и поширокиот регион на Македонски Брод.

Со оваа активност го одбележавме и 5ти јуни, Светскиот ден на животната средина! Да бидеме подготвени и да ја заштитиме природата!

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во текот на изминатите години континуирано работи на заштита на подрачјето на Споменикот на природа „Слатински Извор“ преку превенција, подигнување на свест, дејствување при шумски пожари и мониторинг со дрон.

Eko-svestОпштина Македонски БродWWF Adria

Дополнителната опрема за гаснење на шумски пожари е набавена во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција