Симулациска вежба „Шумски пожар во Македонски Брод 2022“

На ден 05.06.2022 година, во рамки на Тренингот за доброволни пожарникари и логистичка поддршка при справување со шумски пожари во заштитеното подрачје Споменик на природата “Слатински Извор” и Порече, се реализираше теренска симулациска вежба за гаснење на шумски пожари.

На вежбата и на тренингот учествуваа претставници од:

– ИД Урсус спелеос

– заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“

– ЕД “Треска” Македонски Брод

– ТППЕ Македонски Брод

– Општина Македонски Брод

– ДЗС – Подрачно одделение за зашитата и спасување Македонски Брод

– ЦУК – Подрачно одделение – Регионален центар за управување со кризи Македонски Брод

– ООУ “Св. Климент Охридски” Македонски Брод

– СОУ “Св. Наум Охридски” Македонски Брод

– Министерство за правда – Подрачно одделение за бесплатна правна помош

– Пица Бар “Д&Д” – Македонски Брод

– НИКОБ Обезбедување – Македонски Брод

– Приватни (индивидуални) лица.

Истата послужи за тестирање на стекнатите знаења на учесниците на тренингот, увежбување на употреба на прирачни средства и помагала за гаснење на шумски пожари (напртњачи и противпожарни метли), како и вмрежување помеѓу институциите, приватните лица и невладиниот сектор во превенција и дејствување во случај на шумски пожари

Повеќе фотографии од вежбата можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set?vanity=UrsusSpeleos…

Eko-svestWWF AdriaОпштина Македонски Брод

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција