Теренска посета на пештерата Самотска Дупка и проекција на филмови со Ехо Фестивал на планински филм

На 25.06.2022 година, во организација на Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво Урсус спелеос и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, беше реализирана теренска посета на пештерата Самотска Дупка. Посетата беше наменета за претставници од партнерските организации, обучените едукатори во рамките на проектот, како и избор на деца на возраст од основно училиште.

Со помош на теренски возила се пристигна до пештерата Самотска Дупка, а едукативната посета ја реализираа стручни лица од областа на спелеологијата, при што учесниците се запознаа со вредноста и значењето на пештерата и биодиверзитетот во неа. Едукативната посета беше искористена и за посета на други значајни локации во Националниот парк од областа на биолошката разновидност.

По завршување на посетата, беше организирана проекција на 2 филма поврзани со пештерите, „Спеленаут“ и Сонот за Арио – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа, во соработка со Ехо Филмски фестивал. Настанот се реализираше во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид (Ohrid red cross – Mountain Rescue Service)

Во активностите учествуваа 35 учесници. Сите активности беа спроведени со поддршка од Националниот парк Галичица.

Голема благодарност до сите вклучени и секако голема благодарност до нашите пријатели од ЕХО Фестивал на планински филм и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service, сите уживавме во прекрасната атмосфера!

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166582719620074

Проектот е поддржан од:

Prespa Ohrid Nature Trust – PONTCEPF Mediterranean Basin Hotspot Program

#црвенкрстохрид#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци

National Park GalicicaЦрвен крст ОхридEco – Logic