Тренинг за доброволни пожарникари и логистичка поддршка при справување со шумски пожари во заштитеното подрачје Споменик на природата “Слатински Извор” и Порече“ 

Во период од 03 до 05.06.2022 година, во просториите на општина Македонски Брод, се реализираше тренинг за доброволни пожарникари и логистичка поддршка при справување со шумски пожари во заштитеното подрачје Споменик на природата “Слатински Извор” и Порече,

За време на тренингот, учесниците, од страна на експерти од областа на цивилната заштита, противпожарната заштита и укажувањето на неодложна прва помош, имаа можност да се запознаат со основите на шумските пожари, тактики на гаснење, користење на прирачни средства за гаснење на шумски пожари, противпожарна опрема, системот за цивилна заштита во Македонија како и начини на укажување на неодложна прва помош за време на шумски пожари

На тренингот учествуаа 21 учесник, претставници на државни институции, образовни институции, невладини организации и локално население.

За време на тренингот, се реализираше и симулациска вежба за тестирање на знаењата со поддршка од Територијалната противпожарна бригада на општина Македонски Брод.

Учесниците кои се стекнаа со знаења за справување со шумски пожари, во иднина, ќе бидат поддршка на државните институции во справување со шумски пожари на територија на Споменикот на природата Слатински Извор како и поширокото подрачје на општина Македонски Брод

Продолжуваме со градење на капацитети!

Повеќе фотографии од тренингот можете да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=UrsusSpeleos…

Eko-svestWWF AdriaОпштина Македонски Брод

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција