Успешно реализиран тренинг за едукатори за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица!

Во текот на изминатиот викенд, во период од 15 до 17.04.2022 година, во Едукативниот тренинц центар Велестово на Црвен крст Охрид. се реализираше тренинг наменет за наставници, студенти како и заштитници на природата од National Park Galicica, Eco – Logic, Црвен крст Охрид, Eko-svest, Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”, Истражувачко друштво на студенти биолози-ИДСБ и Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje.

Тематскиот фокус на тренингот беше насочен кон градење на капацитети и вмрежување за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, а темите и предавањат беа реализирани од искусни предавачи и експерти од областа на карстологијата., биодиверзитетот. педагогијата и искуствено учење.

За време на тренингот се презентираа подготвените Модули за едукација за заштита на пештери и лилјаци за градинки и основни училишта, општи предавања за пештери и лилјаци и теренска посета не пештера како и игрите подготвени од Еко Логик.

Тренингот беше реализиран во рамки на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” кој е финансиран од страна на Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program

ИДУС беше претставуван од искусни тренери, спелеолози и учесници, насокор повеќе за секое предавање и тема!

Честитки до сите и очекувајте детален извештај, видео и фотографии наскоро!

#црвенкрстохрид#урсусспелеос#екологик#велоучилишта#националенпаркгаличица#pont#cepf#пештери#лилјаци