Учество на Конференција „Преку соработка до заштита на природата“ – 31.05 до 03.06.2022 (Сараево, Босна и Херцеговина)

Во периодoт од 31.05 до 03.06.2022 година, повеќе од 150 учесници од целиот регион учествуваа на конференцијата „Преку соработка до заштита на природата“ која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина а беше организирана од страна на WWF Adria и Parks Dinarides

Учесници, поточно, управители на заштитените подрачја од регионот како и граѓански организации кои работат на заштита на природата имаа можност во неколку сесии да работат и разменуваат искуства и мислење на темите човечки права во заштитата на животната средина, Зелената агенда, градење на капацитети, зајакнување на соработката, вмрежување, а дополнително, пред крајот на конференцијата се одржаа и теренски посети на Бијамбаре (заштитено подрачје и комплекс на пештери) и Скакавац (заштитено подрачје и водопади).

На конференцијата која бешее организирана од Паркови Динариди и WWF Adria, како претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ кое е управител на заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“, учествуваше д-р Марјан Комненов,

Фотографија: Parks Dinarides

#wwfadria#sustainabledevelopment#greenagendа#slatinskiizvor ##ursusspeleos#parksdinarides#protectedareas#nature4people