Учество на работилница „Развој на регулатива за управување со почвите“

Во текот на денешниот ден, 03.10.2022 година, нашиот член Biljana Gichevski, како претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ учествуваше на првата работилница организирана од Министерство за животна средина и просторно планирање, во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP) “Развој на регулатива за управување со почвите”

Работилницата која се одржа во хотел Мериот во Скопје, е дел од проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF).

На работилницата учествуваа претставници од државни институции и невладини организации од полето на заштитата на животната средина.

На работилницата беше презентиран Планот за вклучување на чинителите во изработката на Законот за заштита на почвите. Планот ќе даде основа за транспарентно и јавно вклучување на сите заинтересирани страни во изработката на законот. Настанот даде можност да се разменат мислења и за предизвиците во управувањето со почвите и притисоците што негативно влијаат врз квалитетот на почвите.

Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PHUN Environment ProgrammeUN_MK